Исповед на новинар кој десет дена бил со џихадисти

Од:

Првиот новинар од Запад кому џихадистите му дозволиле престој на тлото на Исламска држава во Сирија и Ирак, се врати во својата татковина со јасно предупредување дека организацијата е многу поопасна и посилна од тоа за што Запад ја смета.

Угледниот германски новинар Јурген Тоденхофер (74) од Турција отпатувал во Мосул, најголемиот град кој што е под окупација на ИСИС, откако претходно неколку месеци упорно се обидувал да добие согласност од исламистичките лидери.

Тој открива дека престојувал во истиот хотел каде што бил и американскиот новинар, кого џихадистите го егзекутираа во август.

– Секако го видов записот од убиството и тоа беше најголемата моја грижа за време на преговорите, да не завршам како Фоли – рече Тоденхофер.

Кога стапнал на територијата на Исламска држава, бил импресиониран од тоа што ИСИС била многу посилна, од она што луѓето ја замислуваат.

– По величина е како Обединетото Кралство, а таква фанатична поддршка не сум доживеал во ниту една воена зона до сега. Секој ден во нивните редови пристигнуваат по стотици доброволци. Тоа за мене едноставно беше неразбирливо – вели тој.

Овој храбар германски новинар тврди дека борците на ИСИС му дозволиле да се движи помеѓу нивните редови, а како доказ за тоа се и неколкуте фотографии кои што ги објавил на „Фејсбук“.

novinar-dzihadisti1

Тој вели дека џихадистите спијат во разурнатите куќи кои што се преправени во бараки и додава дека Американците би требало да го израмнат целиот град со земја, за да ги убијат сите бидејќи само во Мосул ги има околу 5.000.

Тоденхофер смета дека сојузничките сили никогаш нема да успеат да ги уништат џихадистите само со воздушни напади.

-Со секоја бомба која што ќе ја фрлат и ќе убијат цивили, бројот на џихадистите се зголемува – изјави новинарот во интервју за германски „РТЛ“, само два дена по враќање во татковината.

Тој додаде дека најстрашно од се е што борците на ИСИС веруваат дека сите религии кои ја подржуваат демократијата мора да „умрат“.

-Тие сакаат да го освојат светот и сите оние кои не веруваат во нивната интерпретација на Коранот планираат да ги убијат, единствено би ги поштедиле христијаните и евреите. Тоа е најголем планиран верски геноцид во историјата – нагласи Тоденхофер.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Околу 7.000 деца чии родители се осомничени џихадисти се заробени во кампови во Сирија

А1он

Двајца џихадистички лидери загинаа во амерканска акција во Сирија

Во Нигерија се удавиле околу 100 џихадисти кои бегале од офанзива на армијата

Француска армија соопшти дека во Мали се убиени околу 30 џихадисти

А1он

Џихадисти во Нигерија киднапираа 20 деца

А1он

Во Истанбул уапсени 19 џихадисти на ИД

Ана Ололовска