Во Грција се одржува втор круг од претседателските избори

Од:

Во Грција денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, откако во првиот круг, кој се одржа на 17 декември, пратениците од владејачката коалиција не успеаја да ги соберат потребните 200 гласови во 300-члениот Парламент за избор на својот кандидат Ставрос Димас.

Доколку и денешниот втор круг биде неуспешен, на 29 декември ќе се одржи трет круг, за кој е неопходна поддршка од 180 гласови.

Според проценките на аналитичарите Димас нема да биде избран ниту во вториот круг. Грчките медиуми јавија вчера дека Димас може да добие 169 гласови во денешното гласањето во Парламентот, при што се уште му недостигаат 11 гласови од потребните 180, потребни за третиот круг.

Според едно универзитетско истражување, изработено по нарачка на грчкиот весник „Катимерини“ Грците позитивно ја оценуваат кандидатурата на Димас и би сакале тој да биде избран од Парламентот, со цел да не дојде до одржување предвремени избори.

Според друга анкета, спроведена од агенцијата Рас, доколку изборите бидат одржани денеска опозициската радикална левица СИРИЗА ќе победи со разлика од 3,4 отсто.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит