Нов рекорд на антиисламските протести во Дрезден

Од:

Германските политичари вчера вечер доживеа уште еден тежок пораз откако  на протестите во Дрезден се појавиja 17.500 демонстранти. Како што се тврди во полициските проценки за масовноста на протестот, се работи за најголем собир од почетокот на активностите на антиисламистите од движењето Пегида.

Од пред осум недели кога започнаа собирите на „Патриотските Европјани против исламизација на западот“ демонстрантите, како што објавија на Фејсбук, тврдат дека тие не сакаат насилство  и дека се против судири на верска основа на германска територија.
Сепак нивнните тврдења не секогаш се почитуваат од страна на разните групи кои што ги поддржуваат протестите. На собирите што се одржуваат во Дрезден, Кесел, Бон, Минхен и други градови се појавуваат и умерени но и радикални неонацистички организации.
На социјалната мрежа Твитер дел од корисниците тврдат дека на протестите се слушале и антиеврејски слогани со што дополнително паднаа во вода тврдењата на организаторите дека демонстрациите не биле насочени против мирните граѓани на Германија туку само против радикални исламистички групи како Исламската држава  и Ал Каеда. Извикување на антиеврејски пораки во Германија се кривично дело.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски