Меѓународните донатори досега не ги испратиле ветените милијарди долари за обнова на Појасот Газа, кој беше погоден од војна, изјави денеска палестинскиот заменик-премиер Мухамед Мустафа.
Тој истакна дека „ниту еден цент“ не стигнал од главите донатори, како што се Катар, Обединетите Арапски Емирати и Турција и оти јазот меѓу Хамас и Фатах придонесува странските власти да не испраќаат помош.
По седумнеделната војна меѓу Израел и палестинските милитанти во јули и август меѓународните донатори само за обнова на Газа ветија 2,7 милијарди долари на конференција во Каиро. Вклучувајќи и други видови помош ветени се вкупно над пет милијарди долари.
– Искрено кажано тоа што се случува не е охрабрувачко, истакна Мустафа, појаснувајќи дека пристигнал само мал дел од парите.