Блокирани сметките Борис Березовски во Швајцарија

Од:

Швајцарските власти ги блокираа банкарските сметки и ги запленија парите во сопственост поранешниот руски олигарх, Борис Березовски, кој почина во егзил во Велика Британија.

Руските медиуми, кои се повикуваат на доверлив извор во швајцарската влада, станува збор за 21 милион швајцарски франци, што се запленети врз основа на барањето на Јавното обвинителство на Русија.

Се очекува парите да бидат вратени во Русија како „компензација за штетата што Березовски им ја нанел на луѓето со неговото нечесно однесување пред да побегне од Москва во Лондон“.

Московската Управа за јавни приходи раководи со операцијата во врска со „долговите на Березовски“ кон руската држава, што според властите во Русија се проценуваат на 3,2 милијарди рубљи.

Како побарувачи на парите што сега се прикажуваат како „долг“ се и авионската комапнија „Аерофлот“ и регионалните власти во Самара. Најголемиот руски авиопревозник во времето на транзицијата стана сопственост на Березовски, кој во исто време ги поседуваше и компанијата „Автоваз“, која ги произведуваше и продаваше автомобилите „Лада“. Тој беше сопственик и на неколку банки и нафтени компании, а создаде и своја новинска компанија.

Рускиот Федерален суд минатата година покрена правна акција за задоволување на побарувањата што државата ги има од Березовски и со цел неговите „долгови“ да се пренесат на правните наследници.

Борис Березовски, кој во времето на рускиот претседател Борис Елцин беше еден од најбогатите Руси и политички највлијателен меѓу сите олигарси, побегна од Русија откако претходно во март 2000 година му помогна на Владимир Путин да биде избран за претседател.

Официјална Москва го обвини за финансиски и даночни измами, па покрена барање до британските власти за негова екстрадиција. Целата постапка против Березовски започна откако тој заедно со Михаил Ходорковски, најавија создавање политичка партија врз опозициска основа и на самиот почеток се судирија со Путин.

Во Лондон Березовски стана најостриот критичар на внатрешната и надворешната политика на претедателот Путин и најсилниот политички дисидент во странство. На неколку пати имаше обиди за атентат врз него, но тој почина во неговата куќа во околината на Лондон, каде луѓето од обезбедувањети го најдоа мртов во бањата. Според полицијата, неговата смрт остана недоразјаснета, но британските власти не покренаа истрага за убиство.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он