Населбата Маџир маало утре од 9 часот и 30 минути ќе остане без вода.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради отстранување на уличен дефект на водоводна цевка со пречник од ф-80мм на улицата „Прилепска“ број 1 и ќе биде се до санирање на дефектот.