Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска на отворената седница на Владата информираше дека за професионалните војници кои поради возраста го изгубиле својот статус се спроведуваат два проекти за вработување и оти се во тек работите за проектот „АРМ мој вистински дом“.
– Се работи за 59 лица кои се повикани да склучат договор, 52 од нив веќе потпишале, двајца не пројавиле желба и пет лица се уште го потпишуваат договорот, изјави Јолевски.
До 31 декември 2014 година, Министерството има обврска да ги вработи овие лица.
Во однос на вработувањето професионални војници, министерот за одбрана рече дека е изработен правилник за селекција со цел да се добијат најквалитетни професионални војници.
– За нови професионални војници структурирани се две групи со по 125 војници кои ќе бидат вработени идната година. Изработен е правилник за селекција, процесот ќе трае околу 3 месеци и планираме првата група од 125 до крајот на март почеток на април да биде завршена, рече Јолевски.
Министерот за одбрана информираше дека 527 војници биле заинтересирани за станови во рамки на проектот „АРМ мој вистински дом“.
Јолевски информираше дека меѓу вработените е направена анкета меѓу вработените во АРМ за да се види колкав е нивниот интерес за решавање на станбеното прашање пфреку овој проект.
– На оваа анкета утврдивме дека интересот е прилично голем. Се работи за 527 лица кои што пројавија интерес да го решат станбеното прашање преку овој проект. Им дадовме можност да биараат помеѓу еднособен стан од 35 квадарти, двособен од 55, трособни од 75 квадрати и четворособни од 90 метри квадратни, појасни министерот за одбрана.
Во Домот на АРМ, како што информираше тој, била извршена презентација на станбениот комплекс.
– Проектирањето е почнато. Се оди според Акцискиот план. Се работи за четири згради во почетокот. Има одредени промени од првото идејно решение за тоа што сакаме кавлитетот на зградите да биде прилично висок, да има најсовремени решенија со подземни паркинзи и зелени површини…,рече Јолевски.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески дополни дека има согласнот од банките да го финансираат проектот, но очекува дека може да има поповолни услови имајќи предвид дека во меѓувреме се намалија каматите на станбените кредити.
Министерот за одбрана рече дека имал средби со градоначалниците на Скопје и на општина Карпош и оти ќе се продолжи со дијалогот во врска со уредувањето на земјиштето, комуналиите итн.