СДСМ: Министрите на целодневна мака за да го задоволат хирот на нивниот шеф

Од:

Никола Груевски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со денешната отворена, фарсична владина седница, со нарачани прашања и одговори, се обидува да се извлече од гневот на граѓаните, реагира СДСМ на седницата која веќе неколку часа може да се види на Собранискиот канал на МРТВ.

Од таму прашуваат дали Груевски мисли дека ќе помине неговиот ефтин трик за продавање „политики на отвореност кон граѓаните“?

„Политиките на власта којашто зад затворени врати кова образовни стеги? Којашто стави клуч на врата за студентите, не го слушнаа громогласното НЕ на 10.000 студенти и ставот на над 20 факултети и институти за т.н. државен испит; На власта, којашто безмилосно ги стави рацете во џебовите на хонорарците, да граба по 34 проценти од заработувачката на луѓето, за да ја полни дупката на ПИОМ од 22 милијарди денари? На таа власт што од 1 јануари сака да ги држи хонорарците на егзистенцијално ниво од 100 евра месечно, колку вечерата во Германија на нивниот пратеник Николовски. За „политиките на отвореност“ на власта која принудува од јануари околу 70 илјади мали и средни претпријатија: дуќанчиња за леб, бербернци, продавнички за облека, авто перални да платат 500 евра за нова ГПРС каса и уште толку за иста таква резервна каса, без да ги прашаат дали можат да го издржат финансискиот удар“, прашуваат од СДСМ.

Опозициската партија го праша премиерот дали, пак, мисли на „отвореноста на власта што остана глува на апелите на лекарите и пациентите за нефункционалниот квази проект “Мој термин“ поради којшто пациенти колабираат по ходници!

„Министрите ќе се намачат во целодневно кино, узурпирајки го третиот канал на Јавниот сервис МРТВ да го задоволат хирот на нивниот шеф Груевски. Но тој филм, веќе не проаѓа“, порачаа од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме