Еден загинат и седуммина тешко повредени – Се судрија македонски и бугарски автомобил

Од:

Едно лице загина, а седуммина се повредени, меѓу кои и четиригодишно девојче во тешка сообраќајкна незгода што ноќеска, околу два часот, се случила на обиколницата помеѓу тунелите Липак и Стражевица на Ибарската магистрала кај Железник, кон Остружница.

Директно се судриле два автомобила со македонска и бугарска регистарска табличка. На лице место загинал бугарски државјаниин, на околу 45-годишна возраст. Девојчето се здобило со полесни повреди на главата.

Жена на околу 40 години се здобила со тешки повреди на главата, а лекарите ја затекнале во бессознание. Таа е префрлена на реанимација во Ургентниот центар.

Маж на 42-годишна возраст добил исеченици на глават. 36-годишен маж, пак, има повреди на главата и скршеница на десната потколеница. 50-годишен маж има повреда на глава, граден кош и стомак. 33 годишен пак се здобил со повреди на двете нозе и стомакот. Жена на околу 38-годишна возраст е полесно повредена.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје