СДСМ: Груевски и Ставрески ќе ја полнат дупката во Фондот преку потта на хонорарците!

Од:

Ако намерата на Никола Груевски и неговата власт била да им помогнат на хонорарците, каде се нивните проценки колкав број од договорите за дело, со нивните законски измени, ќе се трансформираат во плата – прашуваат од СДСМ.

„Власта штети на работниците кои примаат хонорари. Нивните работодавачи ќе ги спуштат договорите за дело под минималната плата. Со тоа не само што овие луѓе нема си обезбедат пензија, туку ќе им се намалат и онака скромните 9.600 денари на 6.200 денари. Ајде Груевски нека се обиде да живее со 6.200 денари! Ако власта се повлекла од одлуката за изземање на функционерите од даночната обврска за хонорарите, тоа е уште една победа на граѓаните над режимската власт.Но, Министерството за труд и социјална политика се плетка со некакви формулации за правилници што се кријат од јавноста, а Никола Груевски избегнува воопшто да говори за срамната намера на неговата власт“, велат од СДСМ.

Ставот на СДСМ е дека е тотално не фер да важи исто даночно оптоварување, и тоа зголемено од 10 на 34 проценти, и за некој со минимална плата од 9.600 денари и некој со приход од 500.000 денари.

„Не е точно дека вака функционира светот. Груевски и Ставрески мораат да ја полнат дупката на Фондот за пензиско осигурување од 22 милијарди денари и тоа ќе го прават на најбезобразниот начин. Преку потта на хонорарците“, додаваат оттаму.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат