Американката Линдзи Вон е победничка на денешната женската трка во спуст возена во францускиот скијачки центар Вал д’Изер во рамките на Светскиот куп.
Времето со кое Вон стигна до првото место е 1:44,47 минути.
На победничкиот подиум се искачија и Елизабет Гергл од Австрија и Викторија Ребензбург од Германија кои го поделија второто место со време 1:44,66 минути.
За Вон ова беше 61. победа во Светскиот куп и втора сезонава.
По трите трки во дисциплината спуст води Вон со 232 боа, пред Тина Мазе (Словенија) која има 168 бодови.
Во Генералниот пласман Мазе е прва со 596 бодови, втора е Ана Фенингер, Вон е трета со 312 бодови.