(ВИДЕО) СДСМ: Претставници на САД реагирале за неприклучување кон американскиот договор?!

Од:

На Министерството за финансии вчера му требаа три часа да напише соопштение од три реда. Зошто? Затоа што немаат оправдување за индикативното криење и тактизирање со објавувањето на нечии американски сметки. Денес ќе покажеме дека Министерството за финансии и со тоа соопштение ја излажа македонската јавност, вели Тихомир Илиевски, член на Комисијата за надворешни работи на СДСМ.

Замислете, Министерството за финансии тврди дека Владата на Никола Груевски наводно има покренато иницијатива за размена на податоците со САД и наводно прави подготовки за имплементации и работни групи.

Како е тоа возможно кога Македонија не се приклучила кон американскиот договор, ниту дала начелна согласност?

За да покажеме дека Министерството лаже и ја замајува македонската јавност, ќе побараме од министерот за финансии Зоран Ставрески:
Да потврди или да демантира дека на 31 октомври претставник на Амбасадата на САД на средба во македонското МНР го изразил „незадоволството од фактот дека Република Македонија е последна земја која нема одговорено на побараната поддршка од страна на САД во врска со спроведувањето на Законот за даночна усогласеност на нерезидентни сметки„. 

Дали на истата средба американскиот претставник информирал „дека во повеќе наврати е побарана средба во Министерството за финансии, но засега таква средба се нема одржано„?

Ќе го потврдите или ќе го демантирате ова господине Ставрески?

Значи, Македонија НЕМА ни ОДГОВОРЕНО на ПОБАРАНАТА поддршка од САД!

Значи, Министерството за финансии не сака ни средба по ова прашање.

Значи, официјални претставници од нашиот стратешки партнер САД реагираат на ова молчење.

Конечно, Министерството за финансии ја манипулира и замајува јавноста како што ги избегнува средбите и сериозните предлози на нашите надворешнополитички партнери.

Уште еднаш, чии сметки кријат Груевски и Ставрески со одлуката Македонија да не се приклучи на американскиот договор со кој државите ги пријавуваат сите сметки на американските државјани на нивната даночна институција?

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме