На Европското првенство во ракомет за жени попладнево ќе се одиграат полуфиналните дуели.Во првото полуфинале од 18 часот играат актуелниот европски шампион Црна Гора и Шпанија. И двете селекции со победите во последните дуели од групната фаза обезбедија пласман во полуфиналето Црна Гора ја победи Шведска, а Шпанија беше поуспешна од Данска.
Во вториот полуфинален дуел од 20:30 часот скандинавските селекции Норвешка и Шведска ќе решаваат за финалистот. Двете селекции единствениот пораз досега на шампионатот го претрпеа во последното коло, откако веќе имаа обезбедено полуфинале.
Полуфиналните дуели како и натпреварот за 5.место меѓу Унгарија и Франција (почеток 15:30 часот) се играат во „Ласло Пап Спортарена“ во Будимпешта.