Не го делете креветот со бебето!

Од:

Бебињата помлади од три месеци осум пати почесто умираат од СИДС ако спијат во ист кревет со родителите, покажа една понова студија.

Истражувањето на научниците од универзитетот во Глазгов траеше цели четири години. Во тој период анкетирани се родители на над сто деца, кои починале од синдормот на ненадејна смрт во колевка (СИДС).

Студијата покажа дека кај бебињата на возраст од  единаесет недели е зголемен ризикот од смрт во колевка без оглед на тоа дали родителите се пушачи ли не и дали децата се доени.

Откриено дека 52 отсто од бебињата кои починале барем неколку од последните ноќи ги поминале во родителскиот кревет, додека 20 отсто од родителите изјавиле дека децата биле во нивниот кревет токму ноќта пред смртта.

Џон Меклури, лидер на истражувачкиот тим изјави дека донеодамна било сметано дека спиењето во родителскиот кревет е ризик само доколку родителите се пушачи.

– Сепак, оваа студија потврдува дека тоа е голем ризик без оглед на пушачките навики на родителите, додава тој..

Советот од лекарите кои учествувале во ова истражување е дека не е опасно да се држи бебето во кревет додека се храни или милува, но потоа задолжително мора да се врати во креветчето. Тоа е особено важно во првите три месеци од животот, затоа што ризикот од смрт во колевка заначително се намалува по тој период.

Студијата објавена во списанието „Journal of Pediatrics“ откри дека во Велика Британија годишно умираат меѓу 350 и 400 бебиња, додека во Шкотска минатата година забележани се 29 случаи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска