Дачиќ ќе ја забрани Парадата на гордоста?

Од:

Ништо од парадата на гордоста! Владата на Србија во наредните денови ќе донесе одлука за забрана на Парадата на гордоста, која е најавена за 6-ти октомври, најверојатно пред самото случување, најдоцна до 5-ти октомври, дознава српски Телеграф.

Според неофицијалните информации на Телеграф, државниот врв го усогласил ставот за Парадата на гордоста и поголемиот дел на министри е против одржувањето на овој собир.

Досегашните анализи на српската полиција велат дека, доколку дојде до одржување на Парадата на гордоста, таа би претставувала голем безбедносен ризик за учесниците и граѓаните, како и за имотот на жителите на Белград.

Евентуалната одлука на Ивица Дачиќ да го забрани овој собир, би била директно против Уставот на Србија, вели за Телеграф, Горан Милетиќ од одборот за организирање Парада 2012.

Тој тврди дека проценката на полицијата за безбедноста, уште не е завршена и дека засега нема збор за висок ризик и додава дека се мали шансите да се забрани Парадата.

„Се оде по планот. Парадата ќе се одржи на 6-ти октомври, како што е и најавено од одборот“, тврди Милетиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски