Јавна презентација „Патот на Александар Македонски низ Република Македонија“ ќе се одржи денеска во Музејот на македонската борба.
Предавач е проф. д-р Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство, а модератор е проф. д-р Марјан Јованов од Филозофскиот факултет во Скопје
Како што најави организаторот, станува збор за теренски и кабинетски археолошки истражувања на територијата на Република Македонија, приближно од 1975 до 2014 година, со фокус на трасата по која патувал македонскиот крал Александар III Македонски во 335 година пред н.е. на враќањето од Дунавската кампања. Притоа истражувачот Лилчиќ дефинирал дека рутата на кралот водела низ подрачјата на 18 актуелни општини во РМ.
Александар поминал низ долините на Крива Река, покрај Вардар и долж долината на Црна Река, притоа непосредно покрај триесетина стари градови и најмалку уште толку тврдини на извесно растојание од патната траса, но со гравитација кон неа. Важен репер при определувањето на трасата по која поминал кралот Александар се скромните пишувани податоци што хроничарот Аријан ги запишал во делото Анабаза.
Најголемиот дел од реконструкцијата на патот на Александар, проф. Лилчиќ ја темели врз голем број археолошки податоци до кои дошол при сопствените теренски истражувања во посочениот временски период.