Клиниката за детски болести доби донација софистициран медицински апарат Nеurowerk EЕG 36. за дијагностика на епилептични жаришта. Апаратот, прв од ваков вид во Македонија е донација на Одделот за неврологија, при детската клиника и ќе се користи за дијагностика на епилептични жаришта.
Aпаратот, кој е наменет за Одделот за неврологија на Клиниката, е донација на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.
Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Андреас Маиерхофер денеска на прес-конференција во Клиниката рече дека апаратот е неопходен за правилно дијагностицирање на епилепсија кај децата, а со тоа и правилно и навремено лекување, што на крајот значително ќе го подобри квалитетот на живот и здравјето на тие деца.
Заблагодарувајќи се за донацијата, директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова истакна дека апаратот е неопходен за точна проценка на локацијата и активноста на епилептичните жаришта, што ќе овозможи соодветно лекување, лекување на нападите и намалување на појавата на нападите.
Апаратот овозможува долготрајно ЕЕГ снимање и монторинг на пациентите во траење од 24 и 48 часа, за која специфична дијагностичка постапка пациентите наместо да патуваат во странство, отсега ќе можат да се прегледуваат во Клиниката за детски болести.
Маиерхофер по завршувањето на прес-конференцијата ги посети децата кои се на лекување во Клиниката и им подели новогодишни подароци.