(ВИДЕО) СДСМ: 240 дена досега сме дишеле недозволиво загаден воздух!

Од:

Поставуваме директно и отворено прашање до Владата: Колку треба граѓаните да платат за да дишат чист воздух? Или, до кога граѓаните ќе плаќаат и со своето здравје? Се сеќавате ли дека во Центар, во близина на плоштадот имаше станица за мерење на загаденоста? Како дел од проектот “Скопје дише“ на градоначалникот Трајановски, скопјани требаше да имаат увид на состојбата со загадувањето, вели Пеце Мирчевски, претседател на Комисија за животна средина и просторно планирање Скопје.

Ама така ќе видеа дека во годината што изминува, повеќе од 240 дена дишеле воздух што е загаден неколку пати повеќе од дозволеното. Па власта реши да ја тргне. Ја платија со наши пари кога ја поставија, а со нашето здравје кога ја извадија.

И не е само таа, и не е само тука. Не функционира речиси целиот мониторинг систем, а тие станици што функционираат покажуваат поразителни резултати.

Од почетокот на годината до сега, жителите на скопско Лисиче дишеле воздух полн со опасна прашина 203 денови.

Во Тетово дури 293 денови од годината. Концентрациите на ПМ10 во Кичево достигнуваат и до 389 микрограми на м3.

Недозволени дневни концентрации на честичките ПМ10 покажуваат 12 од тринаесетте функционални мерни станици на Министерството за животна средина и просторно планирање низ земјава!

Неколку пати апелиравме дека е потребно да се преземат итни мерки за да се намали загадувањето, дека треба да се преземат конкретни чекори, а не само да се најавуваат неиздржани и непроверени решенија.

Да потсетиме уште еднаш, ваквата состојба е резултат на несоодветната примена на основните принципи на заштитата на животната средина. Изостанува интеграцијата на политиката за животна средина во другите секторски политики, што покажува дека грижата за квалитетот на животот на граѓаните, за државната но и за локалната власт, е сосема споредно прашање.

Однесувањето на власта се враќа како бумеранг, но за жал врз нас граѓаните.

Додека локалната и централната власт неодговорно си ја префрлуваат надлежноста за надминување на состојбата, болниците се полнат, бројот на заболувања на дишните патишта се зголемува, граѓаните се плашат да отворат прозор, ограничено се движат.

Бараме приоритет да биде здравјето на граѓаните!

Предупредуваме дека последиците ќе бидат одговорност на неодговорната власт.

Граѓаните имаат право на чиста животна средина.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД