Самарас е уверен дека Парламентот ќе избере претседател на Грција

Од:

Се уште имаме два круга гласањето пред нас, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас откако Парламентот вечерва не успеа да го избере Ставрос Димас за претседател на Грција, јави дописникот на МИА од Атина.

– Сигурен сум дека ќе избереме претседател на Грција, истакна Самарас и им честиташе на независните пратеници кои гласаа за Димас во првиот круг.

За Димас вечерва гласаа вкупно 160 пратеници, што не беше доволно тој да биде избран за претседател на Грција во првиот круг гласање. Против Димас не гласаше ниту еден пратеник, додека 135 се изјаснија како „присутни“, а петмина не присуствуваа на гласањето.

За да победи во првиот круг, на претседателскиот кандидат му беше потребно двотретинско мнозинство, што значи поддршка од 200 пратеници во Парламентот кој брои 300 членови.

Вториот круг ќе се одржи по пет дена, на 23 декември, на кој исто така се потребни 200 гласови. Третиот и последен круг од гласањето ќе се одржи на 29 декември, но овој пат потребното мнозинство гласови ќе се намали на 180 пратеници, што е и целта на грчката Влада.

Ако претседателските избори не успеат, Парламентот ќе биде распуштен во рок од десет дена, а предвремените парламентарни избори ќе се одржат најрано на 25 јануари и 1 февруари. Досегашните анкети покажуваат дека на евентуалните предвремени избори ќе победи главната опозициска партија Сириза.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит