Могерини: Русија дава знаци на засилена желба за решавање на кризата во источна Украина

Од:

Првиот европски дипломат Федерика Могерини денеска изјави дека заедно со украинскиот претседател Петро Порошенко забележале некои знаци на зголемена желба од страна на Русија за решавање на кризата со отцепените територии во источна Украина, пренесоа светските агенции.

– Го делиме впечатокот дека има некои елементи кои можат да не натераат да мислиме дека можеби има малку повеќе желба за решавање на конфликтот од страна на Русија и од страна на претседателот Путин, рече Могерини, која се наоѓа во посета на Киев.

Таа додаде дека присуството на таквиот впечаток кај неа раѓа надеж дека Москва во иднина ќе презема и „соодветни дејствија“.

Американскиот државен секретар Џон Кери, вчера, исто така кажа дека во последните денови Русија преземала конструктивни чекори за намалување на напнатоста во Украина, потсетуваат агенциите.

ТАСС посочува дека, според Могерини, ЕУ „многу цврсто и решително го поддржува украинскиот народ и содејствува во спороведувањето на мировните спогодби од Минск“.

Таа подвлече дека односите меѓу ЕУ и Украина треба да преминат на ново ново, односно украинската страна да ги почне реформите во
економијата, бизнис климата, правата на човекот и уставната област.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска