Нема веќе породување со царски рез по желба на родилката

Од:

Нема веќе желби за раѓање. Со новото упатство гинеколозите можат да прават царски рез само ако има медицински индикации, пренесе zdravstvo24.mk.

Не смеат да ги слушаат жените кои често бараат да бидат породени на верски празник или на датумот кога се венчани. Согласно медицината базирана на докази – само по себе барањето на мајката не е индикација за царски рез.

Ова доаѓа по алармантните податоци на ФЗОМ за 2013 година. Дури 50 % односно секоја втора охриѓанка и стружанка биле породени по пат на хируршка интервенција. Доста висок е и процентот на ниво на држава. Директорот на чаирската гинекологија вели дека овие бројки можат да се намалат.

-Може да се намали тоа. Знаете, има и такви уште не влегле во ординација а велат сакам со царски. Друга уште не останала бремена а кажува како сака да се породи. Секако, тоа не е во ред… Има барања ама ние одлучуваме дали може така, вели Мендух Јегени директор на Гинекологија Чаир.

Од 20.463 раѓања лани, 6350 биле со царски рез. Постари родилки, близначка бременост, ХИВ позитивни се со индиција за вакво породување. Но предностите од вагиналното, според гинеколозите се неспорни.

-Не одат под нож, тоа е доволно. Ние секако и за едното и за другото породување пишуваме зошто и како, вели Јегени.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски