Англиканската црква денеска ја именуваше првата жена на положбата бискуп и со тоа се стави крај на повеќевековната традиција што предизвика длабока поделба во верската организација.
Црквата ја именуваше Либи Лејн за нов бискуп на Стокпорт, на северот на Англија. По долгата и бурна дебата, Синодот на Англиканската црква во јули, со гласање, одлучи да им дозволи на жените да станат бискупи.
Законот е формално усвоен минатиот месец. Жените служат како свештеници во Англиканската црква од 1994 година.
Мета