Гонзалес: Важно е со победа да ја завршиме годината

Од:

Ракометарите на Вардар вечер во Осиек се среќаваат со хрватскиот вицешампион Нексе, во последниот натпревар за оваа година која тренерот Раул Гонзалес сака да ја заврши со победа.

– Имаме многу повредени ракометари во нашата екипа, но тоа не смее да биде пречка да ги освоиме трите бода на овој натпревар. Нексе има млада и квалитетна екипа и поради тоа не смееме да ги потцениме. Минатата сезона бевме поразени на овој терен и тоа треба да биде опомена за нас на овој дуел да влеземе максимално сконцентрирано. Се надевам дека оваа година ќе ја завршиме со победа, изјави за клупската веб страна.

Натпреварот е од 12. коло од СЕХА лигата. На овој дуел „црвено-црните” отпатуваа без неколку повредени ракометари, односно без Лазаров, Ангелов, Штербик, Петриќ, Лацковиќ и Карачиќ. И покрај таквата ситуација Вардар е голем фаворит.

– Ова е исклучително важен натпревар за нашата екипа, бидејќи со победа се зацврстуваме на втората позиција на табелата. Со новите три бода ќе бидеме чекор поблиску до остварување на целта, а тоа е пласман на Ф4-турнирот. Мора да играме максимално ангажирано и да ја оправдаме улогата на фаворити на овој натпревар. Ќе ни недостасуваат повредените ракометари кои не допатуваа во Хрватска, но Вардар има доволно квалитет во своите редови да го надополни нивното отсуство, изјави Чаневски.

Почетокот на дуелот Нексе – Вардар е во 19 часот.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар