Неофицијално во земјава има помеѓу 2.000 до 3.000 сексуални работници соопштуваат од организацијата „Стар-Стар“.
Според нив сексуалните работници се небезбедни и се соочуваат со непријатни ситуации во својата работа.
Имало моменти кога сексуални работници биле земани со автомобил носени надвор од Скопје сексуално искористувани без да им се плати за услугата.
Имало и случаи кога клиентите биле незадоволни од услугата и ги оставале девојките голи на улица или бегале за да не им платат.
Божинов меѓу другото посочи на поплаки од сексуални работници од одредени припадници на полицијата.
Според него девојките од полицијата биле уценувани за секс за одредена повратна услуга.
„До сега во нашата организација се пријавувани случаи каде одредени припадници на МВР ги злоупотребуваат правата на сексуалните работници а тоа е уцена за да не бидат пријавувани под закани дека истите ќе бидат уапсени за некакви криманални акти се принудувани на сексуални услуги за беспари од одредени полицајци. Тоа значи дека сексуалните работници не им веруваат на државните институции“, изјави Борче Божинов од организацијата Стар-Стар.