(ВИДЕО) СДСМ: Брисел со поразително резиме за владеењето на Груевски

Од:

„Заклучоците на Советот на ЕУ донесоа добри вести за сите држави од нашиот регион, освен за Македонија.

Република Македонија е единствената држава од Западен Балкан за која Советот нема позитивни зборови“, рече на денешната прес-конференција Лидија Димова, претседателка на Комисијата за европски прашања.

„За Црна Гора се констатира подобрување на независноста и ефикасноста на судството и се забележува напредок и во борбата против корупцијата.

За Србија Советот има пофални зборови за подготвеноста на српската администрација и забележува напредок кај борбата против корупцијата и организираниот криминал.

За Албанија, забележан е успех во борбата против организираниот криминал и реформата на судството.

Дури и за Косово и Босна и Херцеговина Советот нотира превземање на чекори за напредок.

За Македонија Советот на ЕУ има сериозни предупредувања за назадување на реформите и критики во повеќе области и го потврдува многу критичниот извештај на Европската комисија од октомври оваа година.

Посебно се нагласуваат „сериозните недостатоци кај независноста на судството и кај медиумските слободи“, но и растечка политизација на државните институции и политичката криза во државата.

Загрижувачки е што во параграфот за добрососедски односи нема осврт само на билатералниот спор со Грција, туку и на односите со Бугарија за кои Советот бара конкретни акции и резултати.

Конечно, Советот ќе се наврати на Македонија во текот на 2015 година, но само врз основа на ажурирано мислење од Комисијата, вклучително и во контекст на пристапниот дијалог.

Само за потсетување, во текот на 2014 година Владата не успеа да одржи ниту една средба во рамките на Пристапниот дијалог на високо ниво. Ако истото се повтори и оваа година – однапред може да кажеме дека ова е уште една изгубена година за европските амбиции на Република Македонија.

Во ниту една реченица од заклучоците кои се однесуваат на Македонија го нема зборот „прогрес„ или „напредок„ – што е вистинско разочарување за мнозинството наши граѓани кои сакаат да ја видат Македонија како членка на ЕУ час поскоро.

Тоа е поразителното резиме на осумте години на владеење на Никола Груевски: нема преговори, нема почеток на преговори, нема никаков напредок. Целосна капитулација! Додека нашите соседи не претекнуваат, власта на Груевски дополнително ги окупира медиумите и институциите, држејќи ја Македонија со замрзнат кандидатски статус и без европска перспектива“, вели Лидија Димова, претседателка на Комисијата за европски прашања.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166

(ВИДЕО) Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Многу е важно избраните градоначалници и советници да добијат легитимитет од голем број граѓани

Горан Наумовски