Сексуалните работници денеска маршираа по улица Македонија. Протестот го предводеа две атрактивни девојки со маски на лицата, сексуални работници, хот лајн оператори, ескорт девојки активисти за човекови права како и стриптизери и стриптизерки.
Заштитен симбол беше црвен чадор, боја која ја одбележувала оваа категорија на лица а симболиката на чадорите била да ги заштити од насилство.
Оние кои маршираа побараа сексуалната работа да се третира како и секоја друга. Посочија и примери на насилство врз сексуалните работници.
Маршот го завршија на плоштадот „Карпошово востание“. Протестот се организира по повод 17 декември меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работници.