Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повика Европската унија да ја остави исламистичката групација Хамас на листата терористички организации, откако Судот на ЕУ утврди дека таа треба да биде извадена од листата.
– Очекуваме од Унијата итно да го врати Хамас на листата. Хамас е терористичка организација, која во својот статут посочува дека нејзината цел е да го уништи Израел, истакна Нетанјаху преку соопштение.
– ЕУ и натаму го смета Хамас за терористичка организација, изјави денеска Маја Кочијачич, портпарол на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
Кочијанчич ова го изјави на прес-конференција како одговор на прашањето поврзано со денешната одлука на Судот на Унијата да го исклучи Хамас од листата терористички организации со образложение дека се направени грешки во оценките за дејствувањето на исламистичката групација.