Хуманитарна акција за Дневниот центар за деца на улица

Од:

„Израдувај дете од улица“ е акцијата која Здружението за заштита на правата на детето „Лице в лице“ ја организира за децата од Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари, во која граѓаните, организациите, компаниите и сите кои сакаат да помогнат и да ги израдуваат овие деца – носејќи им храна.

– Целта на оваа активност е да се поттикат граѓаните да се вклучат во помош и поддршка на стотина деца кои се згрижени во Дневниот центар за деца на улица. Се надеваме на нови „лице в лице“ дружби, директно запознавање со проблемите и можностите за помош и поддршка, но и поттикнување на константна грижа, истакнуваат од Здружението.

Граѓаните кои ќе се приклучат, ќе можат да го посетат Дневниот центар во Шуто Оризари на 18 и 25 декември од 11 до 15 часот, како и на 20 и 27 декември од 12 до 15 часот, кога ќе можат да се дружат со децата, но и лице в лице, да ги слушнат нивните приказни, состојбата во која се наоѓаат, и да ги израдуваат носејќи им храна која ќе ги задоволи нивните основни потреби за оваа зима.

-Годинава, за разлика од претходниве две години, имаме и повеќе деца кои се згрижени во Дневниот центар, па затоа, очекуваме да се вклучат сите оние кои сакаат да споделат храна, но и шалче, капче, ракавички, кукла, количка, или други ситни нешта кои носат радост. Секако, тука се и задолжителните насмевки, гушкања и дружби.  Важно ни е, овие деца, кои поради повеќе причини не ја добиваат потребната грижа од своите блиски, да имаат можност да доживеат радост и среќа, дружење и добрини со вас, солидарните граѓани кои сакаат, знаат и можат да придонесат за подобар живот и поубав свет, велат од „Лице в лице“.

Во Дневниот центар има повеќе од 100 деца, а просторот нема услови за готвење. Од Здружението препорачуваат да не се носат супи, тестенини или останати производи кои треба да се варат или печат.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска