Некогашниот индуструски гигант, охридската фабрика ЕМО нема да го снајде судбината на остатаните стопански капацитети и фабриката нема да згасне уверува раководството на ЕМО. Од таму очекуваат уште поголема подршка од страна на македонската влада. Во ЕМО во моментов работат околу 1200 работници.
Раководството ветува исплата на заостанатите плати
Извршниот директор Зоран Филоски рече дека владата на компанијата и дала финансиска позајмица со цел надминување на неповолната ситуација и исплата на побарувањата од страна на вработените и оти Владата ги презела обврските за јавните давачки на компанијата кои изнесуваат околу 4 милиони евра. По консолидацијата на компанијата од ЕМО најавуваат дека ќе следува период на изнаоѓање на стратешки партнер, како еден од начините фирмата да застане за здрави нозе. Акциониот план за кадровска реорганизација е изготвен и ќе следува период на негова примена.
„Со дејност би профолжиле оние капацитети и дејности кои можат да се носат на пазарот, кои се конкуретни и нормално кои можат да се обезбеди работа. Ќе следува и консолидација на фирмата. Се бараат и стратешки партнери кои би влегле во ЕМО со свој капитал, по пат на јавно приватно партнерство и со продажба на акциите кои ги поседува на владата на стратешки партнер со иста или слична дејност како Емо“ рече Филоски.
Вработените контра: Во ЕМО е лудница, никој ништо не знае
Поранешни вработени во ЕМО неодамна за состојбата во компанијата проговорија отворено а, му се пожалија и на Народниот правобранител. Рекоа оти не можат да ги добијат заостанати плати кои што компанијата им ги должела за изминативе години работа. Има и такви кои од ЕМО бараат да им бидат исплатени и по 40 и 50 заостанати плати.
„Моментално во ЕМО е тотална лудница, никој ништо не знае. И тие што одат на работа за џабе одат на работа. За 4 години ЕМО ни должи по 40 плати. Јас и сопругот заедно бевме на работа во ЕМО, од 1979 година. И двајцата не исфрлија партиски, и сега може да замислете како ние сега преживуваме“, рече Зорица Арнаудова.
Му кажаа дека со години се без пари и здравствено осигурување и оти поминуваат низ вистинска голгота. Рекоа оти не можат да ги добијат заостанати плати кои што компанијата им ги должела за изминативе години работа. Има и такви кои од ЕМО бараат да им бидат исплатени и по 40 и 50 заостанати плати. Прашуваат како може заостанати платите да им се исплаќаат само на оние кои во моментов оделе на работа, додека на поранешните вработени не?
„Во ЕМО не се исплатени плати, во некои дооели скоро и 5 години. Извршни решенија има веќе за исплата на плати, а тие не се извршни. Од кои причини не знаеме. Извршителите само креваат раменици“, рече Лиљана Рилкова.
Мики Трајковски