Студентите непоканети ќе одат на јавната расправа

Од:

На јавната расправа за предлогот за државниот испит не е поканет Студентскиот пленум, односно мнозинството на кој се однесуваат овие измени. Од студентскиот пленум повикаа студентите да се појават на Педагошкиот факултет во 14 часот и да се слушне нивниот глас кој очигледно власта сака да го игнорира.

Во 14:00 на Педагошкиот факултет ќе има јавна дебата околу државниот испит и другите мерки предложени од страна на Владата во која „ќе бидат вклучени сите засегнати страни“.

Студентскиот Пленум не беше исконтактиран да присуствува и покрај својот легитимитет кој го доби на студентскиот марш и бројните изјави на министерот во кои тој вели дека се чека само конкретен предлог закон за да се дискутира со студентите. Токму поради тие причини, утре во 14:00 ќе бидеме таму. Ќе видиме колку оваа дебата е вистински „јавна“.

Ве повикуваме да дојдете заедно со нас.

Студентскиот глас мора да биде чуен, се вели во повикот на Студентскиот пленум.

Би можело да ве интересира

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар