Европскиот шампион Реал Мадрид се пласира во финалето на клупското Светско првенство, откако синоќа го совлада мексиканскиот претставник Круз Азул со убедливи 4:0.
Европејците постигнаа по два гола во првото и во второто полувреме. Серхио Рамоз го отвори резултатот во 15. минута, Карим Бензема зголеми на 2:0 во 36., Герет Бејл во 50.минута ја продолжи серијата погодоци, за Иско во 72..минута да ги постави конечните 4:0.
За Реал Мадрид воедно ова беше и 21. победа во низа во сите натпреварувања.
Шпанскиот тим во финалето в сабота ќе игра против подобриот од средбата закажана за вечер во 20:30 часот меѓу Сан Лоренцо (Аргентина) и Оукленд Сити (Нов Зеланд), додека Круз Азул со поразениот од тој дуел ќе се бори за третото место.
Клупскиот фудбалски Мундијал годинава се игра во Маракеш, Мароко.