Одборот за прослава на Бадник ќе ги претстави годинашните кум и здравичар

Од:

Одборот за традиционалната прослава на Бадник во Скопје денеска ќе ги претстави годинашните кум и здравичар.

Оттаму велат дека се е подготвено за претстојните бадникови свечености.

Традиционално на 28 декември, последната недела од месецот, од падините на Водно ќе бидат набрани бадниковите гранчиња кои ќе се делат на 6 јануари, на Бадник, на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

Кумот заедно со преодниот ќуп на 6 јануари со пајтон ќе замине од Соборниот храм откако ќе прими благослов од поглаварот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан.

Би можело да ве интересира

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје