(ФОТО) БМВ: Паркирање со помош на паметен часовник

Од:

Германскиот производител БМВ на Меѓународниот саем на електроника во Лас Вегас ќе претстави систем за далечинско паркирање на автомобил без возач.

БМВ развива систем со чија помош возачот ќе може да го паркира возилото во гаража или јавен паркинг без воопшто да биде во него или во негова близина.

132425837

Системот овозможува возачот да го напушти возилото на самиот влез на гаражата и да ја активира програмата за паркирање со помош на својот паметен часовник.

Потоа, сопственикот на возилото повеќе не треба да размислува за својот автомобил додека не се врати по него во гаражата. Автомобилот самостојно ќе пронајде соодветно паркинг место и ќе изврши паркирање.

Исто така, возачот ќе може да испрати инструкции на автомобилот во колку часот да го чека на излезот од гаражата.

132425838

Системот се уште е во фаза на прототип и ќе биде претставен на електричниот модел и3, а БМВ планира во понудата да се најде во следната генерација на БМВ Серија 7, што треба да се појави во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ