Московици: Тројката во февруари конечно ќе ја напушти Грција доколку економските реформи имаат резултати

Од:

Еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московици денеска ја поттикна Грција да ги „засили“ напорите, што ги вложува уште од 2010 година, за да го „заврши колку што е можно побрзо” сегашниот преглед со меѓународните кредитори за исполнување на економските реформи и за да се даде можност во февруари тројката кредитори (ЕУ, ЕЦБ, ММФ) конечно да си замине од земјата, соопштија француските медиуми.

-Нашата цел е брзо и под добри услови да ја завршиме втората спасувачка програма, а тоа е едниствената цел на мојата посета, изјави Московици на прес конференцијата во Атина, на крајот од дводневната посета.

За да излезе од втората спасувачка програма, применувана од 2012 година, Грција колку што е можно побрзо треба да заврши со прегледот на состојбата на нејзината економија, што тројката кредитори го почна во септември, а кој беше забавен заради разликите меѓу Атина и кредиторите.

-Напорите почнуваат да даваат резултати, а ова е моментот тие да бидат засилени, посочи еврокомесарот.

„Во февруари тројката конечно ќе ја напушти Грција, ако овој преглед биде завршен, истакна Московици, додавајќи дека не гледа план „Б“.

Да видиме како овој план „А“ функционира, рече Московици, одбивајќи да даде прогноза за други сценарија и посебно што ќе бидат поврзани со ново продолжување на спасувачкиот план или со евентуална промена на Владата во Грција.

Московици на средбата со новинарите уверуваше дека се приддржува кон строг политички „неутралитет“ во однос на грчкиот политички амбиент во предвечерието на првиот круг од изборот за нов грчки претседател од страна на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит