Убиство во обид врз 36-годишен жител на Велешта

Од:

Жител на струшкото село Велешта добил повеќе прострелни рани откако во него со огнено оружје пукало непознато лице.

Како што информира портпарлот на СВР Охрид Стефан Димоски, инцидентот се случил ноќеска, кога 36-годишниот А.С. со својот автомобил се враќал дома.

– Во близина на неговата куќа  било паркирано возило „Ровер“ од кое излегле две лица. Едното од нив испукало повеќе куршуми кон А.С.и му задало прострелни рани во стомакот, грбот и екстремитетите,по што двете лица се вдале во бегство, вели Димоски.

Повредениот е пренесен во Општата болница во Струга и врз него бил извршен оперативен зафат, по што се наоѓа во стабилна состојба.

Напаѓачите избегале од местото каде во криминалистичко-техничкиот увид се  пронајдени осум чаури, еден проектил и еден дел од проектил. Полицијата  работи на расветлување на случајот и трага по сторителот на кривичното дело „Убиство во обид“. 

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски