Ракометната репрезентација на Норвешка е првата која избори пласман во полуфиналето на Европското првенство што се одржува во Унгарија и Хрватска.
Норвешка синоќа во натпреварот од 2.коло од главната фаза во групата 1 постигна победа над Полска со 26:24 и е единствената селекција со максимален учинок.
Во дербито на колото во Дебрецин ко-домаќинот Унгарија загуби од Данска со 23:20 и со тоа ги намали шансите за пласман во полуфиналето, а победа од 22:20 оствари и Романија во дуелот со Шпанија.
На чело на табелата е Норвешка со 8 бодови, Данска има 5, Шпанија и Унгарија по 4, Романија 3, а Полска е без бод.
Денеска се играат натпреварите од 2.коло од групата 2 во Загреб, а двојките се: Холандија – Црна Гора, Шведска – Словачка и Германија – Франција.