Околу 8 часот и 20 минути во текот на вчерашниот ден, во населбата Горно Оризари во Битола,се случила трагедија кога од импровизирана печка на дрва настанал пожар во куќата на 84-годишниот Новица Ј. во кој изгорела дневната просторија.
За жал, според податоците од полицијата, пожарникарите го пронашле старецот како лежи мртов во собата.