(ВИДЕО) Најчевска: Ако не ги слуша студентите – единствено решение е паѓање на Владата

Од:

По двата студентски протести против екстерното тестирање, односно државниот испит, Владата не отстапува од овој предлог и најавува уште пошироки реформи во образованието и јавна расправа. Според професорката Мирјана Најчевска, идејата е да се почне расправа за различни предлози поврзани со образованието што ќе претставува само стапица која би и’ дала легитимитет на владините решенија, кои според неа, се противуставни.

– Сметам дека начинот на кој се одлучува, предлозите кои се нудат се противуставни и противзаконски и секое започнување и влегување во расправа, всушност нас ќе не’ направи соучесници во едно противуставно делување. А противуставни се бидејќи секоја од одлуките која што е поврзана со универзитетот претставува уривање автономијата на универзитетот на начинот на кој што сега се понудени, а се противуставни и во однос на поширокото образование, заради тоа што се одзема суверенитетот на граѓаните да решаваат за клучни прашања кои се од нивен интерес, односно се одзема секаков облик на партиципација, на влијание на граѓаните врз овие одлуки.
Мислам дека единствено логично разрешување на оваа ситуација во која што власта одбива да ги слушне граѓаните – пад на таа власт, вели професорката Најчевска за А1 он.

А.Б.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Екстерното тестирање беше една од најголемите антиреформи

Наум Локоски

МОФ: Екстерното тестирање постигна само оштетени ученици и професори и залудно потрешени пари

Наум Локоски

МОН: Укинувањето на екстерното тестирање објавено и во Службен весник

Наум Локоски

ВИДЕО: Укинато екстерното тестирање

Наум Локоски

Законите за укинување на екстерното и локалните избори во скратена постапка во македонското Собрание

Наум Локоски

(ВИДЕО) Дескоска: Утре се укинува екстерното тестирање

Ана Ололовска