Насилници упаднаа во Министерството за образование на Грција

Од:

Група од околу 40 засега непознати лица, минатата ноќ упаднале во Министерството за образование на Грција и нанеле сериозни материјални штети на објектот, соопшти утрово грчката полиција.

Хулиганите влегле во дворот на Министерството, што се наоѓа во атинскиот кварт Маруси, и со камења искршиле неколку прозорци и безбедносни камери на зградата.

Полицијата успела да уапси осуммина од насилниците, но нивниот идентитет, како ни мотивите за ваквата постапка, досега не се соопштени.

Грчкото Министертсво за образование го осуди овој „вандалски акт“, нагласувајќи дека сите оние што на ваков начиин се обидуваат да го заплашат грчкото општетсво, треба да знаат дека тоа бесполезно.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит