Австрискиот скијач Марсел Хиршер ја забележа и втората победа во шведскиот ски центар Оре.
Откако вчера победи во велеслалом, Хиршер денеска беше најдобар и во слаломската трка која се бодува за Светскиот куп во алпско скијање
Австриецот кој по првата трка имаше за 25 стотинки послабо време од Германецот Феликс Нојројтер, со одлично возење во втората трка стигна до нова победа. Место на пиедесталот имаше и Нојројтер кој заврши како втор, а на третата позиција се пласира Александар Корошилов од Русија кој е првиот руски скијач по 1981 година кој успеал да избори место на пиедестал.
Хиршер со оваа победа се искачи на врвот во поредокот за слалом со 180 бодови, 40 повеќе од Нојројтер, а воедно Австриецот е прв и во вкупниот генерален пласман во Светскиот куп со 440 бодови, 28 повеќе од Норвежанецот Кјетил Јансурд.