СДСМ: Насилието на Владата спроти ставот на студентите е доказ за незрела власт

Од:

Владата на Никола Груевски се исплаши од громогласното „не“ за таканаречениот државен испит, реагираат од СДСМ по прес конференцијата на министерот за образование.

– Затоа одлучија да го промовираат во недела, завиткан во куп избрзани образовни измени, за коишто, за некој месец ќе треба некој нов „државен испит“.

Насилието на Владата спроти ставот на 10 илјади студенти и спроведено во моменти кога факултет по факултет излегуваат со отфрлање на владиниот предлог за “државен испит“ е класичен доказ со каква незрела и егоистична власт си имаат работа граѓаните во Македонија.

Дополнително, потегот на двоецот Адеми Ристовски е капитулација на осумгодишните погрешни владини политики што го доведоа образованието на раб на катастрофа.

Решението е во заминување на оваа Влада, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ