Кривична пријава за бугарски државјанин за криумчарење мигранти

Од:

Регионалниот центар за граничен реон Југ поднесе кривична пријава против К.К. (33) бугарски државјанин за сторено кривично дело – „криумчарење мигранти“, а судија на претходна постапка од Основен суд Скопје му изрече мерка притвор во траење од осум дена.

Како што информира МВР, при извршена детална контрола завчера во 9:05 часот на Граничниот премин Богородица при влез во Република Македонија во товарно моторно возило „Мерцедес 814“ со бугарски регистарски таблички сопственост на „ВЕДА“ ООД од Плевен, Република Бугарија, управувано од пријавениот, во специјално направен простор (бункер) во товарниот простор откриени се 11 државјани на Сирија на возраст од 35 до 18 години, кои имал намера да ги превезе до Србија.

– Од страна на кримтехника од Полициската станица Гевгелија е извршено фотодокументирање на настанот и мигрантите. К.К. е приведен во просториите на Полциската станица за гранично подрачје и граничен надзор Богородица и е извршен информативен разговор, а сириските мигрантите се сместени во Прифатен центар во Скопје, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он