Полицијата приведе двајца улични дилери на дрога од Скопје

Од:

Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје реализираше два одделни случаи на недозволена трговија со наркотична дрога и оружје, при што во надлежното Основно јавно обвинителство, со две кривични пријави се предадени С.Л. (40) и С.К. (22), двајцата улични дилери од Скопје, на кои од страна на Судија во претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од по 30 денови.

Министерството за внатрешни работи соопшшти дека Единицата за недозволена трговија со дрога, по добиени сознанија за двајцата пријавени дека во текот на овој месец од зесега непознати лица, неовластено набавиле поголема количина кокаин односно марихуана, кои ги препакувале во помали количини (полиетиленски и хартиени паковки за улична продажба) и ги препродавале на уживатели од Скопје, презеде оперативно мерки и активности за потврдување на сознанието.

Со Наредба од Судија на претходна постапка извршен е претрес во домовите на С.Л. и С.К.

Притоа  кај С.Л. се пронајдени 6,44 грама кокаин, една дигитална вага, на која по извршеното вештачење се детектирани траги од  кокаин, четири куршуми калибар 7,62 наменети за испалување од полуавтоматски пиштол и автомат, како и една рамка од полуавтоматски пиштол „Црвена Застава“, додека кај С.К. се пронајдени 13,05 грама марихуана, гасен пиштол Екол специјал 99, прилагоден во огнено оружје со што овозможува истрелување на проектили од пиштолска муниција со кал 7,65 мм, 67 куршуми пиштолска муниција различен калибар, дробилка за ситнење на марихуана и две дигитални ваги на кои по извршеното вештачење се детектирани траги од  марихуана и кокаин.

Двајцата се приведени во службените простории на СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, каде и двајцата не дале појаснување за пронајдената наркотична дрога и оружје во нивните домови, како и за тоа од кого и од каде ги набавиле.

Инаку, С.Л. отслужил казна затвор во трење од една година за извршена разбојничка кражба во Германија, а против С.К. СВР Скопје досега има поднесено три кривични пријави за извршени кривични дела – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, -“тешка телесна повреда“ и “насилство“.

Со овој случај, од почетокот на акцијата „Мрежа“ до сега кривично пријавени се над 150 нарко дилери а запленети се и преку  515 килограми различни видови дрога.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он