Лидерот на грчката партија Независни Грци (Анел) Панос Каменос потврди дека неговата партија нема намера да гласа за нов претседател на земјата.
– Ние нема да гласаме за претседател на Републиката на ниту едно од трите гласања во Парламентот. Тоа треба да биде јасно, и тоа е завршена работа, изјави Каменос во интервју за телевизијата „Скај“.
Лидерот на Анел вербално го нападна премиерот Андонис Самарас, велејќи дека „не може да преговара со никого, затоа што тој има потпишано дека ќе извршува наредби, откако се откажал од татковината“.
Според Каменос, по евентуалните предвремени парламентарни избори треба да се формира „влада на национално единство“.