На Европското женско ракометно првенство што се одржува во Унгарија и Хрватска, фаворитите забележаа победи.
Во првите средби од втората фаза на шампионатот, селекциите на Данска, Норвешка и Унгарија ја оправдаа фаворитската улога.
На дуелите од групата М1 одиграни во Дебрецин, репрезентацијата на Данска убедливо со 28:19 ја победи Полска. Во дербито Норвешка ја победи Шпанија со 29:26. Во последниот меч кодомаќинот Унгарија со 20:19 ја совлада Романија.
Табела: Норвешка 6 бодови, Шпанија 4, Унгарија 4, Данска 3, Романија 1 и Полска 1.
Денеска на шампионатот, во Загреб, ќе се играат натпреварите од 1.коло во М2 групата и тоа: Германија – Црна Гора, Шведска – Франција и Холандија – Словачка.
Табела: Франција 4 бода, Шведска 3, Холандија 3, Црна Гора 2, Словачка 0 и Германија 0.