СДСМ: Вистината многу брзо ќе ги приземји Груевски и неговите соработници

Од:

„Се разбира дека за Груевски и тесната група околу него е смешно да се седи до новогодишната елка и да се посакува: да си го видиш детето кое ти заминало во странство, да најдеш работа за да можеш да си го прехраниш семејството, нешто да се случи да ти стигнат 2.500 денари социјална помош со коишто би го поминал месецот, извршителите да престанат да ти тропаат на вратата…

Груевски и групата околу него којашто едвај ја собра на Димче Мирчев број 20 и лета по рајските острови, толку физички се одлепи од реалноста во Македонија што и елката им стана метафизика.

Вистината многу брзо ќе ги приземји Никола Груевски и неговите соработници.

Тогаш тие самите ќе побараат да седнат под новогодишната елка и ќе ја почувствуваат тежината на копнежот на милион ипол граѓани во Република Македонија, со кои сега се потсмеваат“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он