ОН: Повеќе од 4.600 загинати во судирите во Украина

Од:

Во судирите меѓу владините сили и проруските сепаратисти во источна Украина, за помалку од еден месец загинале над 300 лица, со што вкупниот број на жртвите во конфликтот се искачи на 4.634 луѓе, се наведува во денеска објавениот извештај на ОН за случувањата во Украина.

Според Канцеларијата на ОН за координација на хуманитраните работи (ОЦХА), од почетокот на судурте во Украина во април годинава, па досега, биле ранети најмалку 10.243 лица.

Во посечниот период, своите домови ги напуштиле над 1,1 милион лица, од кои 542.080 се внатрешно раселни лица на територијата на Украина, додека 567.954 заминле како бегалци во соседните земји и тоа најголем број или 465.721 во Русија.

Според податоците на ОН, во подрачјето на кое се одвива конфликтот живеат околу 5,2 милиони луѓе.

Во претходниот извештај на ОЦХА, објавен на 20 ноември, беше наведена бројка од 4.317 загинати лица во конфликтот.

Од вторникот во источна Украина во сила е прекин на огнот, кој со исклучок на некои повремени инцидети, во најголема мерка се почитува.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион