Припадници на екстремистичката организација Исламска држава денеска соборија ирачки воен хеликоптер и двајцата пилоти загинаа, соопштија ирачки претставници.
Хеликоптерот „EC635“ е соборен во предградие на шиитското свето место Самаре, 95 километри северно од Багдад.
Неименуван претставник на ирачкото министерство за одбрана изјави дека сунитски екстремисти собориле хеликоптер од ракетен минофрлач.
Екстремистите во октомври соборија најмалку два ирачки воени хеликоптери во близина на градот Беиџи.