Законот за криминал е моќен: прекршете го и ќе ја загубите слободата. Во контекст на родителството: прекршете го и вашето дете ќе ви биде одземено. Таков е овој кардинален принцип на слободно општество кога законот за криминал ограничува справување само со однесување кое соодветно треба да биде казнето.
Но, со проширувањето на значењето на прекршок за суровост кон детето со кое се предизвикува емоционална повреда, со т.н. „Закон на Пепелашка“ на британската Влада, ќе бидат опфатени сите аспекти од нормалното семејно живеење. Кога ќе се прекрши „Законот на Пепелашка“, линијата помеѓу невин родител и виновен родител ќе биде во дискреција на службениците кои го спроведуваат законот. А тоа е застрашувачка вест.
Има малку сомнеж дека застрашувачки насловениот предлог закон за сериознен криминал, кој во моментов го пробива патот во Парламентот, значајно ќе ја прошири дефиницијата за прекршокот суровост кон дете. Тој може да биде насловен со прекарот „Законот на Пепелашка“, но ќе опфати како криминално однесување далеку помалку од она што го доживеала Пепелашка. Посебно клаузулата 65 од предлог законот ќе донесе две големи промени во прекршокот суровост кон дете.
Прво, тоа ќе им овозможи на обвинителите да стигнат до таму каде детето, иако можеби не физички повредено, би било повредено на некој друг начин. Било која форма на емоционална, психолошка или недиректна повреда може да биде опфатена со оваа нова дефиниција за лош третман: „психолошка или каква било друга повреда“.
Со оваа реформа ќе се отрфли одлуката на Домот на лордовите од 1980, со која се казнува прекршокот суровост кон дете кај случаи во врска со психичките потреби на детето. Ова посебно исклучува секакви други аспекти од повреда, како родителски несупех да овозможи морални, образовни, духовни и емоционани повреди. Тоа што владиниот предлог сега вклучува и такви форми за недиректна повреда, ќе значи дека децата и нивните бројни адвокати во индустријата за заштита на децата исто така лесно ќе можат да ги изнесат нормалните инциденти од родителствувањето во фокусот на законот за криминал.
Второ, клаузулата 65 исто ќе ги отстрани примерите кои во моментов ја илсустрираат големината на повредата неопходна да биде сметана за криминално дело. Па затоа од 1933 година, „повреда на здравјето“, вклучува „повреди или губење на видот, слухот, екстремитет или орган од телото“. Овие примери овозможуваат дека еднократен инцидент на предизвикување модринки, на пример, нема да се третира како суровост кон дете. Клаузулата 65 ќе ги збрише сите примери и ќе ги замени со проширени и посеопфатни зборови „било да се од физичка или психичка природа“. Со други зборови, било каква форма на повреда на здравјето, било тоа да е од физичка или психичка природа, потенцијално ќе потпадне под лупата на законот за криминално дејство.
Ефектот кои овие две промени ќе го имаат во потпаѓање на родителите под агенциите за споведување на законот, не смее да се потценува. Злосторството „сурвост кон дете“, како што беше наведен во 1933, препознава дека однесувањето на родителите треба да се смета за криминално само ако е еднакво на суровост. Со цел да се ограничи досегот на законот за криминал во семејниот живот, неопходно е да се дефинира повредата во смисол на физичка повреда која го има квалитетот на „повреда или губење на екстремитет или орган од телото“, итн.
Но, редефиницијата на „суровоста кон дете“ ќе го криминализира однесувањето кое е многу далеку од какво било разумно сметање за суровост. Всушност, новиот прекршок ќе биде лесно да се изврши, а службените лица кои го споведуваат законот ќе можат да применат дискреција кој родител да го гонат. Ова е детско размислување: тоа значи дека родителите повеќе нема да можат самите да се бранат потпирајќи се на законот за семејство; тие ќе бидат фрлени во милоста на полицијата, на Кралската обвинителна служба и на судовите.
Според предложените прекрошци ќе биде можно родител да биде обвинет за: удирање на дете, ако не му одбезбеди редовни оброци, ако го остава детето кое плаче во атвомобил додека оди да плати сметка, па дури и игнорирањето на младешкиот гнев. Всушност, незрелиот и емоционално кревок тинејџер, а да не ги спомнуваме тинејџерите кои не го сакаат стилот на родителствување на своите родители, нема да имаат проблем да направат случај неговите родители да бидат гонети. Бранителите на новиот закон можат да ги проголтаат сите овие примери и да тврдат дека ваквите обвинувања никогаш нема да се случат, туку дека се погрешни.
Под сегашниот закон, голем број на родители веќе паднале под милоста на службени лица надлежи за заштита на децата, кои го загубиле истиот смисол за иднината на децата и го користеле законот за криминал за да гонат родители чие однесување било доста недоволно под сето она што потпаѓа од ознаката „криминално“. Во изминатите неколку недели, „Тајмс“ и „Дејли мејл“ објавија за два случаи со кои се покажува оваа загрижувачка тенденција.
Тим Хејнс ја оставил својата двегодишна ќерка сама во автомобилот на 10 минути, додека „тркнал“ до аптека да купи Калпол. Кога се вратил, се соочил со двајца полицајци кои стоеле до автомобилот, а неговата ќерка весело стоела на возачкото седиште. Неколку недели подоцна, полицијата се појавила пред неговиото дом и го уапсила. Бил обвинет и осуден во локалниот суд заради суровост кон дете.
Една мајка, која сака да остане позната само како Џоен, го оставила својот шестгодишен син сам дома на 45 минути, а подоцна и било поднесено предупредување од полицијата заради суровост кон дете. По сознанието дека училиштето на нејзиниот син тој ден нема да работи, Џоен, која многу сакала да го земе последниот час за возење пред да полага тестови, го оставила детето само дома. Кога дошла дома, нашла тројца полицајци како насила се обидуваат да ја отворат влезната врата. Џоен била одведена во полициска станица каде добила предупредување заради прекршокот суровост кон дете. Осум години подоцна, таа се уште води битка да се исфрли преупредувањето од нејзиното досие, затоа што е често присилена да го повлече и заради кое два универзитети неодамна одбиле да и дозволат да почне со курс за негување на ментално заболени лица. И тука повторно полицијата има проблем да подвлече разумна линија меѓу однесување кое мора и однесување кое не мора да биде сметано за криминално. Како резултат на тоа, мајката страда.
За среќа, Тим Хејнс ја добил жалбата по пресудата откако судија во Врховниот суд, кога слушнал што овој сторил, прашал: „Дали ова треба да се смета за криминално дело?“ Би требало да биде очигледно дека Хејнс не се однесувал кон ќерка си со криминален манир. Но, сепак тоа не им е очигледно јасно ниту на полицијата која го уапсила, ниту на Кралската обвинителна служба која го гонела, ниту пак на судијата од локалниот суд кој го осудил.
Овие случаи покажуваат дека дури и без „Законот на Пепелашка“, постојат премногу полициски службеници, обвинители и судии кои ја загубиле способноста да прават разлика меѓу криминално и некриминално однесување. „Законот на Пепелашка“, само ќе го влоши проблемот. Тоа ќе ги отстрани од сегашниот прекршок самите зборови кои барем им возможуваат на родителите мерки за заштита од строгите службениицте за спроведување на законот под влијание на моќното лоби за заштита на децата.
Оние кои го бранат менувањето на законот за да го направат гонењето полесно и почесто постоајно го прошируваат нивото на проблемот, така што ќе се оправда прошироката употреба на законот за криминал. Хуманитарната организација Добротворство за децата (АфЦ) во својот документ „Криминалниот закон и негрижата кон децата“ од 2013 година, одбира да зборува за негрижата наместо за суровоста, затоа што значењето на овој термин е толку аморфна, а неговиот досег толку широк. Како што несрамежливо се потенцира, „негрижа“ се однесува на се од изгладнување на детето до смрт, па и оневозмжување тоа да оди на училиште. Со ваквото проширено значење на негрижа тешко ќе не изненадат тврдењата во кампањата каде стои дека „до 10 проценти од децата во Велика Британија страдаат од негрижа“ (а тоа се околу 1,5 милиони деца).
Сознавајќи дека негрижата е широко распространета, АфЦ ја поистоветува негрижа со злоупотреба: „негрижата за децата е најчестата форма на детска злоупотреба денес во Велика Британија“ тврдат тие, намерно избегнувајќи ја секоја разлика помеѓу запоставување и злоупотреба. Оние кои ја водат кампањата, кои се неспосбни да разликуваат сурово однесување од другите нормални аспекти на семејниот живот, треба да се држат подалеку од спроведувањето на законот. Но, како што покажуваат случаите со Нејнс и Џоен, нивното влијание е преголемо.
Но, она што е најлошо е што нивната кампања влезе во владиниото разгледување на реформите во законот за криминал. Говорејќи во март, кога Владата размислуваше за воведување на „Законот на Пепелашка“, пратеникот од Конзервативната партија Роберт Бакленд, рече дека сака да поднесе амандман на законот за се уапсат родителите кои нанесуваат „значителна повреда на своите деца, а кои треба да ги одгледуваат и сакаат“. Вистина е, тој не сугерираше дека неуспехот на дете да му се чита приказна пред спиење треба да се смета за криминал.
Но, некои од примерите кои тој ги наведе не беа далеку од тоа. Потенцирајќи ја неопходноста од закон за криминал кој ќе се однесува на нефизичка злоупотреба, тој даде примери на однесување кое треба да биде казнето, како што се „изолација“, „омаловажување“ или „одбивање“ на децата. Третмани од овој вид, а треба тоа да се забележи, се многу далеку од систематската суровост која ја доживувала Пепелашка, но несоодветно насловениот „Закон на Пепелашка“ ќе озвоможи за нивна криминализација.
Денес родителите се многу свесни за заканата која се повеќе им се надвиснува со законот за криминал. Тие одговараат со барање законот и нив да ги заштити. Неодамнешна анкета на ЈуГов во „Тајмс“ открива дека две третини од родителите сакаат Владата да постави легален стандард за минимална возраст на која родителите ќе можат децата сами да ги остават дома. Всушност, мнозинството сметаат дека оставањето на деца сами дома под 12 годиншна возраст (возраста на која децата ја завршуваат првата година во средно училиште) треба да се смета за криминален престап.
Зошто некои родители бараат легална заштита? Затоа што изгледа дека агенциите за заштита на децата се неспособни да разликуваат криминално од некриминално однесување. Одговарајќи на анкетата на ЈуГов, пратеникот либералдемократ Џон Хеминг спореше околу законот сам-дома затоа „што не е јасно колку долго и на која возраст децата можат да бидат ставени сами дома. Ниту пак е јасно дали ако ги оставиме сами дома… дека е тоа криминално дело“.
Одговорот на родителите на заканата да бидат обвинети за секојдевните аспекти од семејниот живот се разбирливи. Проширувањето на законот за криминал надвор од неговата вообичаена улога ја подрива родителската одговорност и ги прави родителите зависни од државата да им кажува како да бидат родители. Но, предложените решенија за родителите не се никакво решение. Ако државата има право да одлучува дали детето е доволно возрасно да биде оставено само дома, тогаш исто има право и да одлучи дали родителите треба да им дозволат на своите деца да одат без придружба на школо или да користат мобилни телефони.
Криминалниот прекршок за суровост кон детето не треба проширување – треба ограничување. Тоа треба да биде во содејство со криминално однесување за кое се бара интервенција од државата, имено форма на сериозна физичка повреда која фер може да биде карактеризирана како случај на суровост кон детето. И мора да биде опишано така да родителите можат себеси да се заштитат со законот за семејство од вмешувањето на влијанијата на лобито за заштита на децата, кое е неспосбно да се зафати со разликите помеѓу суровост и секојдневно однесување.
Освен ако најавениот бунт на криминалните родители не биде пресвртен, нема да мине долго време пред родителот да биде гонет заради дозволување на детето да оди без придружба со воз за да си ја посети бабата. И нема да мине долго време пред овој пробем да се судри со повици до државата да донесе закон со кој се легализираат непридружувани патувања со воз до бабите. На денешните родители им треба повеќе слобода од законот за криминал, а не помалку.
Спајкд – Лондон