ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за новите поволности за паркирање во Центар

Од:

Советот на општина Центар денеска ја усвои програмата за работа на ЈП ПОЦ во 2015.година.

„Ова е развојна програма, со предвидени нови поволности за граѓаните на општина Центар. Во програмата на ЈП се предвидени средства за нови проекти и нови паркиралишта за модернизирање  на софтверите за наплата, за нова хоризонатална  и вертикална сигнализација“, рече директорот Саша Богдановиќ.

Предвидени се нови проекти за зголемување на безбедноста во сообраќајот, за  користење на велосипеди и повторно – поддршка за КК Работнички .

Паркинзи Центар  го исплати заостанатиот долг од претходното раководство во висина од 200.000 евра.

Исто како и минатата, така и оваа ЈП не побара ниту денар субвенции од општина Центар, напротив започна со исплаќање на комуналната такса која е неплатена од 2012-та година.

Во 2012-та година општината го субвенционираше работењето на Паркинзи со 350.000 евра, за  2013-та биле одобрени 170.000 евра, но новото  раководство на ЈП ПОЦ  не ги побара и не ги искористи. Ова, рече Богдановиќ е заштеда  на општината.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ не ја гласаа оваа програма и ја напуштија седницата, бидејќи точката била  ставена на вонредна седница.

Би можело да ве интересира

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски